Ердоган со поддршка за укинување на имунитетот на курдски пратеници

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека поддржува укинување имунитет од кривична постапка за курдски пратеници, обвинети за врски со милитантни активисти, јавија турски медиуми.

Коментарите следуваат само седум дена откако стотици активисти прекинаа со штрајк со глад во затвори во Турција како одговор на апел од лидерот Абдула Оџалан.

Владата навести дека е отворена за преговори за окончување на насилствата во кои се убиени повеќе од 40.000 луѓе. Курдски пратеници се честа „цел“ на истрага од обвинители, но имаат имунитет од постапки додека се на должност освен доколку Парламентот не изгалса да им се укине имунитетот.

– Нашата одлука ќе биде во корист на укинување имунитет од кривично гонење на поединци кои се кријат зад имунитетот. По сето тоа, целата работа ќе ја има обвинителството, изјави Ердоган на прес конференција пред заминување за Шпанија.

Според него треба да постои целосно различна пракса во парламентот за оние кои се „маскирано“ продолжение на сепаратистичка терористичка организација. Додаде дека пред парламентот се 800 такви случаи. Меѓу последните случаи, обвинител повика 10 курдски пратеници кои ќе дадат изјава поради сомневање дека и помагале на ПКК откако биле снимени како прегрнуваат милитанти за време на случајна средба.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски