По повод Меѓународниот ден на руралната жена, Групацијата на бизнис жени (ГБЖ) при Стопанска Комора на Северо-западна Македонија (СКСЗМ) денеска во Скопје организира конференција на тема „Претприемништвото како можност за зајакнување на жената од рурална средина“.
Како што посочуваат организаторите, целта е да се истакне важноста на женското претприемништво како можност за економско јакнење, што е важно не само за благосостојбата на поединците, семејствата и општество, но исто така и за продуктивноста и економската стабилност на земјата.
На конференцијата ќе учествуваат преставници од бизнис секторот, од различни институции, НВО и студенти од бизнис и економскиот факултет.