Запленет имот на Виктор Понта во вредност од 220.000 евра

Од:

Обвинители од Националната дирекција за борба со корупцијата во Романија наредија запленување на дел од имотот на поранешниот премиер Виктор Понта во вредност од 220.000 евра.

Наредбата е издадена откако Понта е обвинет дека добил 220.000 евра од бизнисмен, кој бил ставен на листата на социјалдемократите на парламентарните избори во 2012 година.

Понта добил 220.000 евра од бизнисменот Себастијан Гица, кој откако беше ставен на листата на Социјалдемократската партија, доби место во Претставничкиот дом како кандидат од округот Прахова.

Според антикорупциските обвинители, Понта ги искористил парите за да организира посета на Романија на странски популарен политичар со цел подигнување на рејтингот пред избори.

Понта ја организирал посетата на поранешниот британски премиер Тони Блер преку невладина организација. Било претставено дека средбата Понта – Блер била на барање на поранешниот британски премиер.

Гица е сопственик на телевизијата ТеВеРе и близок пријател на Понта. Гица исто така е обвинет за низа дела, меѓу кои давање на поткуп, уцена, купување на влијание и друго. 

Би можело да ве интересира

Истрага за Понта поради плаќање за посета на Тони Блер

Емир Латифовиќ

Виктор Понта останува без докторска титула, неговиот труд е плагијат

Емир Латифовиќ