Наградата „Клучевите на Преспа“ врачена на словенечкиот академик Андраж Чарни

Од:

Градоначалникот на Општина Ресен Ѓоко Стрезовски синоќа во просториите на Универзитетот за аудио визуелни уметности – ЕСРА на Словенечкиот академик и надворешен член на МАНУ Адраж Чарни му го врачи признанието „Клучевите на Преспа“ за неговиот допринос во промоција на Преспа преку делото поврзано со шумските растенија во националниот парк „Галичица“.

Лауреатот Чарни изрази задоволство за ова, според него, високо признание, посочувајќи дека од 1996 година континуирано го проучува шумското богатство на овие простори.

– Ми претставува особена чест што ја добив оваа награда, која ми е особено мила бидејќи од 1996 година континуирано го проучуваме шумското богатство на овие простори. Ако ова наше дело допринело во промоција на природните наследства на Преспа нас тоа ни преставува додатно задоволство, рече Чарни.

Врачувајќи му ја наградата „Клучевите на Преспа“ на Чарни, ресенскиот градоначалник посочи дека неговите ботанички истражувања во Преспа се од исклучително значење за регионот.

– Задоволството да се врачи едно вакво признание е особено инспирирано од фактот што добитникот веќе подолго време работи на исклучително значајни ботанички истражувања во Преспа, а тоа значи и промоција на овој регион, но и на Република Македонија, изјави Стрезовски.

Покрај Чарни, годинашен добитник на наградата „Клучевите на Преспа“ е и академик Владо Матевски, редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје и потпретседател на МАНУ. Наградата му беше врачена на отворањето на интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“ што во јуни се одржа во Ресен. Доделувањето на наградата на словенечкиот академик беше реализирано вчера заради неговото отсуство за време на годинашниот фестивал.

Наградата „Клучевите на Преспа“ се доделува за нивниот особен придонес во проучувањето на флората во Македонија особено за уникатната флора на планината Галичица, кое што публикувано во бројни научни публикации.

Минатата година добитници на „Клучевите на Преспа“ беа Гзавиер Боне од Франција и академик Вера Битракова од Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат