Танасоски: Груевски како и секогаш пред избори, безобразно лаже за градинките

Од:

Четири години по ред укажуваме за неправилностите и несериозноста во раководењето со Детската Градинка „Јасна Ристеска“. Најстрашно е што самоволието во управувањето и раководењето на оваа јавна установа е на штета на родителите, воспитнообразовниот процес, а најмногу на децата, вели Ѓоко Танасоски, член на Извршен Одбор на СДСМ.

Реконструкцијата на централниот објект од градинката, за којашто неколку пати досега алармиравме и баравме извештај а којашто пред неколку месеци требаше да биде готова, се уште не е завршена.

Со месеци децата од оваа градинка се преместувани во други објекти и згрижувани во групи со голем број деца, несоодветно на пропишаните стандарди.

Од друга страна пак, партиципација се наплаќа еден месец одапред а воспитувачките се приморани да не ги примаат децата до исплаќање на обврските.

Директорката на оваа установа, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, на родителите им наметнува и дополнителни трошоци за литература којашто е спротивна на Законот за детска заштита.

Оваа задолжителна литература којашто им се наметнува на децата е во издание на издавачката куќа ЕДУКА МАК.

Директорката, како и членови на нејзиното семејство работат како автори, коавтори, рецензенти за оваа издавачка куќа.

Додека Никола Груевски како и секогаш пред избори, безобразно лаже за градинките, досегашниот молк на институциите за овие неправилности покажува сериозен недостаток на совест и грижа за најмладите.

Предупредуваме, по промената на власта на 11 Декември, ќе биде направена целосна ревизија на работењето на градинката и секој којшто го прекршил законот ќе одговара.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ