СДСМ: Дебаклот во „Борис Трајковски“ сурово ги демантира лажните анкети на Павел Шатев и Димитрија Чуповски

Од:

Време е за крај на режимот на Никола Груевски. Ова е пораката што громогласно одекна од дебаклот вчера во салата „Борис Трајковски“. Ова е пораката од македонските граѓани упатена директно до шефот на фамилијата која 10 години ја тормозеше Македонија, а вчера имаше проштален настап пред своите уценети сопартијци и киднапирани службеници.

Дебаклот во „Борис Трајковски“ сурово ги демантира лажните анкети на Павел Шатев и Димитрија Чуповски.

Дебаклот ги потврди стравовите на братучедите Никола Груевски и Сашо Мијалков дека време е за разделба со лускзузниот живот на грбот на сиромашните граѓани.

Дебаклот потврди дека време е за крај за газењето врз луѓе на братучедите Никола Груевски и Сашо Мијалков и дека веќе никој не им се плаши. Дури и најверните поданици веќе не им се плашат – сендвичите ги јадеа во „Скопје сити мол“ додека шефовите на фамилијата се потеа во „Борис Трајковски“ со говорите со очајнички ветувања во кои ни самите не веруваат.

Дебаклот потврди дека е време обвинетиот Никола Груевски и осомничениот Сашо Мијалков да се посветат на својата одбрана пред судовите за криминалното 10-годишно владеење.

Дебаклот потврди дека од слободата не делат само 50-тина дена и дека Македонија на 11 декември ќе слави голема победа.

Дебаклот потврди и дека обвинетиот Груевски ќе добие 63 пратеници, но на опозицијата, за да не може веќе да ја уценува Република Македонија, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?