Властите во Виетнам одбиваат да удираат печат на кинеските пасоши во кои е исцртана мапа на Кина, која ги опфаќа и спорните острови во Јужното кинеско море.
Наместо тоа, визите ги издаваат на посебен лист.
Кина оваа година започна да издава пасоши со мапата на земјата во чии рамки се и спорните острови. Одделни делови од нив им припаѓаат на Филипините, Тајван, Малезија, Виетнам и Брунеи и токму поради тоа овие пасоши предизвикаа лутење и негодување.
Кина започна да ги издава новите пасоши на 15-ти мај, но критиките започнаа дури оваа недела.