Најмалку 23 лица загинаа во напад врз бегалци во ЦАР

Од:

Борци од муслиманските милиции Селека нападнаа бегалци во северниот дел на Централноафриканската Република и убија 13 лица пред да бидат протерани од мировните сили на Обединетите нации, кои убија најмалку десетмина од напаѓачите.

Нападот се случил во гратчето Кага Бандоро, а во него има и ранети лица.

Стотици бегалци од претходните судири побегнале кон базата на ОН, каде војници од мировните сили отворија оган за да ги спречат милициите.

Претставник на ОН изјави дела силите на Организацијата биле принудени да отворат оган за да го заштитат цивилното население и нагласи дека се убиени најмалку десетмина од напаѓачите.

ЦАР е во состојба на хаос од почетокот на 2013 година, кога милициите Селека, кои се составени претежно од претставници на муслиманското малцинство во земјата, го соборија од власт тогашниот претседател Франсоа Бозизе. Милициите на христијанското мнозинство возвратија со напад врз муслиманите.

Околу 20 отсто од населението ги напуштиле домовите за да избегаат од насилството, Земјата е длабоко поделена по етничка и верна основа.

Би можело да ве интересира

Бунтовниците во ЦАР убија најмалку седум луѓе

Ана Ололовска

Претседателски и парламентарни избори во ЦАР

Ана Ололовска

Најмалку 33 лица убиени во судири во главниот град на Централноафриканската Република

Ана Ололовска

Централноафриканската Република сака руска воена база на своја територија

Ана Ололовска

Јапонскиот цар Акихито ќе абдицира во корист на синот

Јапонија добива нов цар