Обама: Луѓето во ’30-те години од овој век ќе патуваат на Марс

Од:

САД во партнерство со приватната индустрија ќе испраќа луѓе на Марс во ’30-те години од овој век, напиша американскиот претседател Барак Обама во објавениот есеј.

– Воодушевен сум што можам да објавам дека работиме со нашите комерцијални партнери на изградба на нова населба, во која астронаутите ќе може да живеат и да се превезуваат во долготрајни мисии во длабоката вселена, напиша Обама во есејот, објавен на страниците на Си-Ен-Ен.

– Тие мисии ќе не научат како луѓето може да живеат далеку од Земјата, а тоа ќе ни биде потребно за долгиот пат на Марс, напиша Обама.

Американскиот претседател на наведе кои комерцијални компании се вклучени во програмата.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија