А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонија го празнува Денот на антифашистичкото востание

by А1он11/10/2016 - 08:31167
Share0

Република Македонија денеска одбележува 75 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.

Следете a1on на Instagram Instagram

Организираното востание почна во 1941 година кога Првиот прилепски партизански одред го нападна бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Следете a1on на Youtube YouTube

Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.

Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.

За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети. Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а потоа и како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година, Македонија, денес е полноправна членка на Обединетите нации, и е на патот кон евроатлантските интеграции, кои засега се блокирани од Грција.

Традиционално по повод празникот денеска во Собранието на Република Македонија е врачена државната награда „11 Октомври“.

Бројни делегации положија цвеќе на спомениците и паметниците на народните херои во Скопје, Прилеп и Куманово.

 

Седумдесет и петата годишнина од македонското народно востание вчера беше одбележана и со свечена академија во Собранието на Република Македонија, на која се обрати претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. 

11 oktomvri

Би можело да ве интересира

И по највисоките признанија остануваат нови предизвици, вели Андоновски во име на добитниците на наградата „11 Октомври“

Катерина Ѓуровски11/10/2026 - 15:1811/10/2026 - 15:18

Филипче оддаде почит на хероите од НОБ во Прилеп: СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните

Катерина Ѓуровски11/10/2026 - 13:4511/10/2026 - 15:21

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски11/10/2026 - 13:4111/10/2026 - 13:50

Сиљановска-Давкова: Време е да се однесуваме кон државата како кон заеднички дом

Катерина Ѓуровски11/10/2026 - 11:1911/10/2026 - 12:43

Македонија го празнува 11 Октомври – 85 години од народното востание

Катерина Ѓуровски11/10/2026 - 08:0511/10/2026 - 08:18

Државната награда „11 Октомври“ за 2026 ја добиваат Венко Андоновски, Димитар Пандев, Ѓулумсер Касапи и Владо Поповски

Катерина Ѓуровски01/10/2026 - 14:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео