Лавров: САД нема да прифатат воено сценарио во Сирија

Од:

Москва е убедена дека американскиот претседател барак Обама и државниот секретар Џон Кери нема да прифатат воено сценарио во Сирија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Уверен сум дека американскиот државен секретар Џон Кери, со кого разговаравме за оваа ситуација, нема да го толерира воениот пристап, изјави Лавров во интервју за рускиот Канал Еден, пренесува Танјуг.

Тој дополни дека и претседателот Барак Обама, кој во повеќе наврати му го кажал тоа на рускиот претседател Владимир Путин, цврсто стои зад пристапот за политичко решавање на кризата во Сирија.

– Москва се надева дека американската поддршка при воздушните напади во Сирија ќе се смири, рече Лавров.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Москва не знае како Трамп ќе ја реши кризата во Украина

Лавров: Зеленски нема да одлучува за преговорите

Лавров: Ништо нема да се смени во украинската криза со доаѓањето на Трамп

Лавров за контактите меѓу Москва и тимот на Трамп: Подобро да разговараме отколку да се изолираме

Лавров: Русија ќе одговори во случај на агресија од НАТО или од земјите членки