Кирацовски: Власта ќе добие непреодна оценка единица од администрацијата

Од:

Казните од нелогичното оценување на администрацијата, што го смисли власта за лични и политички цели, нема да се спроведат! Напразно пратениците на Никола Груевски во Парламентот гласаа против одложување на оценувањето до крајот на 2017 година, вели Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ.

На 11 декември заедно ќе ги направиме промените и вие ќе ја дадете последната оценка на неодговорната власт.

Власта на Груевски ќе добие непреодна оценка 1!

И нема да имаат шанса да спроведат ниту казнувања, ниту нарачани оценки!

По промените, новата Влада предводена од СДСМ веднаш законски ќе ги укине казните од оценувањето, и заедно со екпертерската јавност и засегнатите вработени ќе договориме модел што ќе ја мотивира администрација, наместо да ја казнува.

Сакам да порачам, на шефовите и раководителите кадри на ВМРО-ДПМНЕ, што Груевски и фамилијата ќе се обидат да ги користат за нивни лични цели:

Внимавајте, не дозволувајте да станете инструмент во рацете на криминалната власт!
Никој да не се осмели предизборно да се заканува или да уценува вработени во администрацијата, со некакви партиски оценки што нема да важат!

Законот е јасен и казните за вакво дело, уцени и притисоци во предизборен период, се јасни. Секој кој ќе се дрзне да го направи тоа, најавувам, ќе одговара!

Не дозволувам злоупотреби на администрацијата!

Слободни, фер и регуларни избори се приоритет број еден за Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ