Претседателот на ЕП Мартин Шулц ќе престојува од денеска до 28 ноември во прва посета на САД каде ќе има средба со американскиот потпретседател Џо Бајден.
Шулц во Вашингтон со американски соговорници ќе разговара за изнаоѓање заедничко решение за креирање економски раст и отворање повеќе работни места.
Претседателот на ЕП ќе има средба и со Хари Рејд, лидер на мнозинството во Сенатот, Мич МекКонели и Ненси Пелоси, од Претсетавничкиот дом. Планирана е средба и со првиот заменик на директорот на ММФ, Дејвид Липтон.
Шулц утре ќе има говор во дебатата за односите ЕУ-САД на универзитетот Џонс Хопкинс каде ќе пренесе порака од ЕП за градење цврсти и сеопфатни трансатлантски односи засновани на широк спектар вредности и заеднички интереси.