Манчевски: Субвенција од 20 отсто за енергетска изолација на објекти за секој граѓанин

Од:

Со Планот за Македонија СДСМ директно ќе ги враќа парите назад кон граѓаните, со што ќе влијаеме на подобрување на нивниот животен стандард. Ќе се заложиме за зголемена енергетска ефикасност на станбените објекти, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Новата влада ќе го субвенционира секој граѓанин којшто ќе реши енергетски да го изолира својот станбен објект. Директно ќе обезбедиме финансиска поддршка за граѓаните во висина од 20 проценти од вредноста на инвестицијата за енергетска изолација. Ова е дел од итните реформски приоритети на новата влада, за првите 180 дена.

Придобивките од субвенциите за енергетска изолација се повеќекратни:

70 проценти заштеда на енергија во објектите или три пати помала сметка за струја, доколку се греете на струја! Со тоа ќе се намали и увозот на електрична енергија.

Ќе се зголеми обемот на работа за фирмите што произведуваат изолациски материјали и на оние што вршат монтажа на истите. Тоа директно ќе поттикне отворање на нови работни места, со повисоки плати.

Ќе се влијае и на намалување на загаденоста на воздухот.

Власта на обвинетиот Груевски, парите на граѓаните ги трошеше на криминални проекти за барокни фасади, како што е оваа тука, коишто од задната страна воопшто не ги изолираше. Од задната страна фасадите на зградите беа оставени да се распаѓаат.

По декември доаѓа одговорна власт којашто нема да ги фрла парите на граѓаните на раскош и луксуз, туку ќе ги следи нивните реални потреби.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски