Опозицијата во Венецуела верува дека ќе го смени претседателот Мадуро

Од:

Лидерот на опозицијата во Венецуела, Енрике Каприлес изјави дека е убеден оти ќе се успее во настојувањето да го тргнат од власта, претседателот Николас Мадуро.
Во разговор за Би-Би-Си, Каприлес вели дека 80 отсто од населението во земјата сака промени.

– Сигурен сум дека можеме да собереме четири милиони потписи, колку што се потребни за да се свика референдум, наведе лидерот на венецуелската опозиција Каприлес.

Барањето за заминување на Мадуро, опозицијата го оправдува со тешката ситуација во земјата, за која Каприлес вели дека е најлошата во историјата на Венецуела.

Средствата од извозот на нафта се главниот извор за приходи на државниот буџет, кои сега се драстично намалени поради драстичниот пад на цената на црното злато.

Опозицијата, меѓутоа, вината за актуелната криза во земјата, не ја гледа само во ниските цени на нафтата, туку многу повеќе во „неспособната влада, неснаоѓањето на министрите, како и во лошо водената економска политика на Мадуро“.

Според Каприлес, претседателот Мадуро е виновен за сегашната тешка состојба на земјата, затоа што спроведува социјалистичка економија и популистичка политика, настојувајќи да ја има за себе наклонетоста на сиромашните слоеви во Венецуела.

Опозицијата ја обвинува и Изборната комисија, за која тврдат дека е во функција на Мадуро, постојано одлагајќи го референдумот.

– Кога ќе ги собереме потребните потпис, Мадуро не ќе може да го спречи одржувањето на референдум, истакна Каприлес.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

САД го признаваат противникот на Мадуро за победник на изборите во Венецуела

Мадуро: Илон Маск е непријател на Венецуела

Путин му ја честиташе победата на Мадуро: Секогаш сте добредојден гостин во Русија

Венецуела: Уапсен активист за наводна вмешаност во обид за атентат врз Мадуро