Ботоксот повеќе не е популарен само меѓу жените и мажите кои сакаат да изгледаат младолико, туку и меѓу страствените играчи на покер. Професионалните покераши вбризгуваат ботокс во лицето, за да ги спречат разните гримасите со што полесно ќе блефираат.
Покерашите ширум Америка се повеќе го бараат „покертоксот“, како што го викаат ботоксот кој ги спречува мимиките на лицето.
– Многу малку луѓе можат да „сложат“ добар покерашки израз на лицето. Оние кои успеат да блефираат, а тоа никој од неговите противници не примети, има голема предност, објасни за „Фокс њуз“ естетскиот хирург, Џек Берди.
Еден третман на „покертоксот“ чини околу 500 евра, а ефектот трае околу четири месеци. Лицата кои го вбризгуваат имаат ист израз на лицето независно од тоа дали се воодушевени, разочарани или налутени.