Хелсиншкиот комитет поднесе кривични пријави за полицајците кои тепаа студенти

Од:

Хелсиншкиот комитет за човекови права поднесе кривични пријави против полицијата која грубо упадна и насилно ги исфрли студентите од протестите на изборите за претседател на Студентскиот парламен во јуни годинава, објави 24 Вести.

За време на протестот во 30 јуни годинава пред студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ беа повикани полициски специјалци кои грубо упаднаа во просториите на СПУКМ и насилно ги исфрлија студентите.

Кривична пријава е поднесена против раководни лица на Министерството за внатрешни работи и на припадници на Единицата за брзо распоредување.

Во пријавата се наведува дека кулминацијата се случила околу 22 часот кога пристигнале специјалните единици со оклопни возила, кои тргнале кон студентите што протестираа пред влезот на студентскиот дом. Полициските специјалци насилно влегле во просториите на студентскиот парламент и почнале да ги удираат со нога студентите, за да го расчистат патот за лицата кои ги носеле гласачките кутии.

Би можело да ве интересира

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: КСЗД утврди – Мото клубот Пелистер врши директна дискриминација

Ана Ололовска

Анализа: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: Годишен извештај за криминалот од омраза во 2020, регистрирани 104 вакви инциденти

Ана Ололовска