Претставници на амбасадата на САД во посета на УНИТЕТИ

Од:

Шефот на Канцеларијата за политички и економски прашања во амбасадата на САД во Македонија, Дејвид Стефансон, денеска престојуваше на работна посета во седиштето на Политичката партија УНИТЕТИ во Скопје.

Високиот амерички претставник беше пречекан од Претседателот на УНИТЕТИ, Г’зим Острени, потпретседателот Зулфи Адили и Генералниот Секретар на партијата, Мухамед Исмаиљи.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во земјата како и за ангажирањето на УНИТЕТИ во правец на демократизација на земјата, воспоставување на владеењето на правото и за подршката за Специјалното Јавно Обвинителство.

Би можело да ве интересира

Унитети бара да се оцени уставноста на предвремените избори

Емир Латифовиќ

Унитети: Нема да легитимираме украдени избори

Ана Ололовска