Започна „Кавадаречка културна есен 2016”

Од:

Со ликовна изложба, поетско читање и мини концерт, синоќа во Домот на културата „Иван Мазов Климе” од Кавадарци, започна манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2016”.

Присутните уживаа во изложбата насловена “UNIVERSE AS INTEGRITY ALLUSION“ (Вселената како обединувачка алузија), со делата на ликовните уметници Шкипе Мехмети, Дита Старова – Керими и Зарије Амдију, овозможена од Дирекцијата за култура и уметност од Скопје. Во музичкиот дел настапија Менка Богоевска на виолина и Габриела Бачманова на пијано. Со свои најнови поетски творби се претставија поетите Надица Тренчева, Вероника Костадининова, Тодорка Андова и Цветанка Колева, од Здружение на писатели „Тиквешки цветови“ од Кавадарци.

​Директорот на Домот на културата Владимир Темков, упатувајќи благодарност за поддршката до градоначалникот Александар Панов и Советот на општина Кавадарци, рече дека и годинава, „Кавадаречка културна есен “ ќе донесе повеќе вредни уметнички настани од различни области.

​- Кавадарци располага со силен уметнички потенцијал и ќе биде домаќин на случувања од културата. Најавуваме бројни културни настани. Бројни изложби, концерти, промоции, претстави за љубителите на културата и уметноста од Кавадарци и Македонија, нагласи Темков.

Кавадаречкиот градоначалник Панов нагласи дека локалната самоуправа и понатаму ќе ја поддржува културата како и досега.

– Задоволни сме од постигнатото во сите сегменти од културното живеење во општината, од активностите на културниот дом и музејската и библиотечната дејност. И понатаму ќе се инвестира во културните институции како и во изминатиот период. Затоа што Кавадарци заслужува да има култура каква што му доликува, бидејќи има публика за тоа и културни творци од сите области, додаде Панов.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат