Ердоган против турската серија „Сулејман величествениот“

Од:

Турскиот премиер Таип Реџеп Ердоган ја критикуваше турската серија „Сулејман величествениот“, што се прикажува во повеќе земји од регионот и светот, истакнувајќи дека тоа што таму е претставено не е правата слика за претците на денешна Турција.

– Ние такви претци немаме. Ние таков законодавец, таков султан Сулејман не сме запознале. Тој 30 години од својот живот помина на коњ, а не во дворецот, како што е прикажано во серијата посочи Ердоган.

Тој истакна дека очекува правосудството да преземе мерки против режисерите на серијата, како и против сопствениците на телевизијата што ја емитува.

– Тие што си играат со вредностите треба да добијат лекција во рамките на правото, потенцира Ердоган.

Турскиот премиер наведе дека Анкара е подготвена да преземе мерки ако е загрозена безбедноста на Турција.

– Живееме во свет со седум милијарди луѓе. Која е нашата задача, тоа добро го знаеме. Каде нашите претци јаваја на коњ и ние ќе одиме таму, на се ќе обрнеме внимание и на секого ќе помогнеме, истакна Ердоган.

Тој цитирајќи ја изреката на таткото на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк – „Мир во државата, мир во светот“, додеде дека од Анкара не може да се очекува пасивност и неодлучност.

– Никогаш нема рамнодушно да ги набљудуваме проблемите кои се случуваат и се однесуваат на нашата држава, рече Ердоган.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски