Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска ќе присуствува на свеченото отварање на Меѓународниот саем Клик ЕКСПО во Тирана, Албанија на кој Република Македонија ќе има свој штанд со излагачи.
Во рамки на саемот е најавено одржување на бизнис форум, а министерот Сарачини ќе добие и признание за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Албанија.