Средба Заев – Тимоние: Регуларни избори на 11 декември и демократска Влада!

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Р.Франција во Р.Македонија, Кристиан Тимоние.

На состанокот се разговараше за актуелната политичка ситуација во Македонија и потребата од демократска иднина на државата.

Заеднички е констатирано дека прв чекор кон тоа се регуларни избори на 11 декември.

-СДСМ посветено работи на демократска и економски стабилна Македонија. Нормализација на животот на граѓаните и перспективи на земјата се можни само со промени во декември и избор на легитимна Влада, што сме убедени дека ќе се случи, рече претседателот Заев.

Претседателот Заев објасни дека СДСМ на завчерашниот Конгрес усвои планови со конкретни рокови за економски развој преку поддршка на домашните мали и средни претпријатија што ќе отворат нови и сигурни работни места. Исто така утврдена е и динамиката на спроведување на клучните реформи за независно судство, објективни медиуми, институционална стабилност.

Заклучено е дека е неопходно е да се спроведат итните реформски приоритети од Извештајот на Прибе и да се врати демократското функционирање на системот за да може да се одблокираат евро-атлантските интегративни процеси за Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски