Сериозна врска со помлад маж може да успее само ако се земат предвид одговорите на три прашања.
Дали имате слични планови за иднината?
Без оглед колку е помлад мажот од жената, можеби и тој има исти цели како неа поврзани за дом, за деца и за кариера. Важно е искрено да се разговара и жената да знае на што е за да може да планира.
Дали е доволно зрел?
Разликата во годините не е важна, ако мажот е доволно зрел за интелектуално да ја следи жената. Доколку психички совршено си одговарат и има исти планови за иднината, жената може да биде спокојна.
Какви се реакциите на околината?
Ако е помлад две до три години, тогаш тоа не се забележува. Но, ако разликата е многу поголема, реакциите можат да бидат прилично бурни. Но, не треба да се обрнува внимание на тоа.