Желбата да има дискретна насмевка на фотографијата на пасош му беше одбиена на еден Французин, па тој одлучи своие права да ги бара преку суд.
Французинот, кој медиумите го нарекоа Тијери, се бори да се дозволи на луѓето да имаат на фотографиите за пасош макар дискретна или „Мона Лиза“ насмевка и истакнува дека сериозните лица во пасошите ги прават луѓето депресивни.
Тијери ја обвини Франција за злоупотреба на моќта и овластувањата, а во писмото упатено до новинската агенција „Франс Прес“ прашува дали е одговорно однесување да се обвинуваат луѓе за смеење во и онака депресивната Франција.