Во Музејот на град Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Anty – Beauty Aesthetic“ на Анастасија Величковска.
Ќе бидат изложени осум графики работени во техника на длабок печат со кои авторката го проблематизира феноменот на експанзија и експлоатација на телото во контекст на социјалните мрежи како и култот на конзумеризам и убавина наметнат од масмедиумите и популарната култура.
Анастасија Величковска (1992, Скопје), дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2015, одел графика и сценографија. Таа е дел од независната печатница „а.теле“ каде преку традиционалните графички техники ја позиционира нејзината уметничка пракса на силната женска убавина која создава длабока критика према мас медиумите, конвенционалноста и магазините.