Дебата за безбедноста во програмските определби на македонските политички субјекти

Од:

 Балканскиот форум за безбедност денеска организираше дебата на тема „Безбедноста во програмските определби на македонските политички субјекти во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори во земјата како излез од политичката криза“.

На панел дебатата беа презентирани размислувања и ставови посветени на глобалните, регионалните и македонските перспективи за безбедносните предизвици и движења.

Претседателот на Балканскиот форум за безбедност Благоја Марковски во своето воведно обраќање истакна дека од особена важност е политичките партии во Македонија да донесат вистински програми, но и да има нивна конкретна операционализација со што Република Македонија ќе биде многу поблиску до приемот во НАТО и во ЕУ.

– Република Македонија се соочува со сеопшта криза, а излезот се бара во предвремени избори. Дебата ја организираме да ги поттикнеме политичките партии да направат посеопфатен аналитички приод кон прашањето за безбедноста кое досега го третираа повеќе декларативно, рече Марковски.

Во овој момент, според Марковски, влезот во НАТО и во ЕУ не е условен само со проблемот со името, туку во прв план се ставаат и внатрешните проблеми, односно политичката криза која што предизвика исто така и економски, социјални и безбедносни импликации. Македонскиот државен врв, но и сите политички субјекти во земјата треба да работат на разрешување на оваа криза, смета тој.

Поранешниот министер за внатрешни работи и се уште актуелен пратеник во Собранието Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, рече дека во моментов Македонија се наоѓа во исклучително сложена политичка криза чии креатори, според него, се владејачките партии, а почетокот на решавање на оваа криза би можело да бидат кредибилни, фер и слободни избори. Иако е соопштен датумот 11 декември за одржување на предвремени парламентарни избори, Трајанов, како што кажа, не е сигурен дека тогаш ќе се одржат избори затоа што, според него, се подготвуваат сценарија за одлагање на изборите. Клучен сегмент за тоа дали ќе се одржат избори или не, според него, ќе биде рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, односно дали тој ќе стагнира или опаѓа. Тоа би можело да биде скриена причина за одлагање на изборите, но можни ситуации, како што кажа, би биле и на пример укинување на СЈО, нова аболиција и други причини.

На прашањето дали опозицијата е подготвена да оди на избори, Трајанов рече дека опозицијата во Македонија нема алтернатива бидејќи двапати се одложија изборите и сега мора да оди на избори какви и да се условите. Според Трајанов, вкупните состојби во земјата влијаат и на безбедносниот систем.
– Ваквата состојба има негативно влијание и на стабилноста и на економскиот развој и на меѓународниот углед на Република Македонија, рече пратеникот.

На дебатата учествуваа претставници на повеќе политички партии меѓу кои СДСМ, ДОМ, ДС, ВМРО-НП, ТМРО, НДМ, УНИТЕТИ, Достоинство, Левица, како и претставници на движења, НВО, експерти и аналитичари.
Ова е шеста панел сесија што ја организира Здружението на граѓани Балкански форум за безбедност.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната