Турскиот претседател Тургут Озал бил отруен со 4 различни отрови

Од:

Токсиколошки анализи на посмртните останки на поранешниот турски претседател Тургут Озал кој почина во 1993 година, покажале присуство на четири различни видови отрови, објави провладиниот Тудејс заман.

Експерти по судска медицина откриле количества од инсектицидот ДДТ, десет пати над нормалната граница, како и траги од кадмиум и од радиоактивните полоноум и амерциум, посочува весникот кој се повекува на извори во Судската медицина.

Според нив, можно е Озал да починал од труење од тие супстанци и извештајот од аутопсијата треба да биде предаден наскоро на обвинителството.

Весникот наведува дека радиоактивните амерциум и полониум веројатно придонеле са слабеење на организмот на Озал додека ДДТ внесен во телото со храна или пијалоци, веројатно забрзал процес за негова смрт. Гробот на Озал беше отворен на 2 октомври во рамки на истрага за причината за неговата смрт пред 19 години.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски