Британецот Леви Вотсон мислел дека е „фраер“ кога на Инстаграм објави многу фотографии со пари, накит и скапи автомобили, но при тоа не помислил дека некој можеби ќе се запраша од каде му е сето тоа.
Иако тој на полицијата и тврдел дека не е вмешан во препродавање дрога и дека нема пари, фалбите на Вотсон на социјалните мрежи го покажуваат спротивно.
Полицијата на Вест Мидландс го проверила неговиот Инстаграм и пронашла фотографии на кои тој лежи во када полна со пари и шишиња шампањско, како е сликан крај „Ламборџини“ и дека поседува „Ролекс“ и други вредни рботи, кои можат да си дозволат само луѓе со многу пари, пишува „Вајс“.
– Кога имаш повеќе од четврт милион, а и натаму ти е малку, напиша Вотсон под една фотографија.
Началникот на криминалистичката полиција од Вест Мидландс, Дејвид Џејмисон изјави дека се надева оти „сеќавањето на кадата полна со пари и шампањско, ќе го топли Вотсон во текот на студените ноќи во затворот во седните седум години“.
Но се чини дека сепак нема.
– Тие ми дадоа детска казна, се насмеав кога судијата рече седум, порача Вотсон преку Истаграм.
Групата дилери, на која и припаѓал и Вотсон, доби вкупно 130 години затвор поради шверц на хероин и кокаин.