Популарната пејачка Пинк последните месеци вредно работи на нови песни, а се додека нејзинот албум не биде објавен, таа се здружи со познатиот американски кантри музичар, Кени Чесни, со кој сними романтичен дует.
Песната ќе се најде на новиот албум на Кени Cosmic Hallelujah, кој излегува на 28 октомври, а најава за него е токму песната Setting the World on Fire.
За најновата соработка меѓу Кени Чесни и Пинк снимен е и спот во Лос Анџелес, каде тие двајца воошто не се појавуваат директно, туку ги гледаме на голем број билборди и реклами.
Текстот за песната Setting The World On Fire ја напишаа Рос Коперман, Мет Џенкинс и Џош Озборн.