Министерство за финансии го подготви буџетот за 2017 година

Од:

Министерството за финансии го подготви предлог буџетот за 2017 година и денеска или в понеделник ќе го достави до Владата, најави министерот за финансии Кирил Миновски во дебатата на ТВ Нова на која гостуваа заедно со дополнителниот-заменик министер за финансии, Кире Наумов.

Миновски рече дека Министерството за финансии и Владата имаат обврска да го достават предлог буџетот до Собранието, а на пратениците е дали ќе го изгласаат или не. Наведе и дека донесувањето на буџетот за догодина е препорака на меѓунардоните финансиски институции.

Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов рече дека е против донесување на буџетот за 2017 пред изборите, и наместо тоа предлага да се примени времено финансирање.

Собранието на Република Македонија, според политичкиот договор за излез од кризата, треба да се распушти на 12 октомври, а предвремените парламентрани избори да се одржат на 11 декември годинава.

Би можело да ве интересира

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година