Директорот на ФБИ предупредува: Покријте ја веб камерата на компјутерот

Од:

Предупредувањето од ФБИ, дека сите би требало да ги покријат веб камерите на своите компјутери за да спречат да бидат предмет на шпионирање, го поддржа и директорот на оваа институција Џејмс Коми, дополнувањети дека тоа е „разумна работа“ која луѓето можат да ја направат.

Ако вебкамерата остане отворена, тоа значи дека хакери можат да влезат во неа и да гледаат се што корисниците прават, тврдат експертите за безбедност, јавува „Гардијан“.

Претходно оваа година, беше потврдено значењето на овие тврдења откако се појавија фотографии на кои основачот на Фејсбук, Марк Зукерберг ја покри камерата на својот компјутер.

Директорот на ФБИ изјави дека сите канцеларии на американската Влада ги покриваат веб камерите и оти истото би требало да го направат и обичните граѓани.

– Има некои реазумни работи кои би требало да ги направите, а ова е една од нив, изјави Коми.

Би можело да ве интересира

ФБИ предупреди на опасност од имитација на напади во Њу Орлеанс

Горан Наумовски

ФБИ ја истражува поврзаноста помеѓу експлозијата во Лас Вегас и нападот во Њу Орлеанс

Директорот на ФБИ ќе поднесе оставка

Трамп го најави Каш Пател за шеф на ФБИ

А1он

Уапсен е еден од најбараните терористи, ФБИ го бркаше 20 години

А1он

NBC News: Директорот на ФБИ се подготвува да биде сменет во новата администрација на Трамп