Вицепремиерот Адеми се сретна со новиот евроамбасадор Жбогар

Од:

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Арбр Адеми денеска имаше средба со новоименуваниот амбасадор на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

– Вицепремиерот Адеми му посака на новиот евроамбасадор Жбогар успешна реализација на проектите за време на неговиот мандат и изрази уверување дека ќе продолжи успешната соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања и Делегацијата на Европската унија и во претстојниот период, се вели во соопштението од СЕП.

Адеми и Жбогар разговарале и за политичката состојба во земјата при што е посочена важноста за одржување демократски парламентарни избори. Била нагласена и важноста на исполнувањето на обврските кои произлегуваат од Итните реформски приоритети. Во тој контекст, вицепремиерот Адеми потврдил дека европската интеграција останува стратешки приоритет на Македонија и дека ќе продолжат сите активности за поефикасно реализирање на преземените обврски.

Адеми и Жбогар се согласиле и околу важноста за продолжување на координативните состаноци со цел да се обезбеди поефикасно планирање и искористување на ЕУ фондовите.

Би можело да ве интересира

Филипо: Пресудата против „Еуроклеар“ би можела да ја парализира ЕУ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

„Гардијан“: Европа мора да се однесува како Кина за да ја преживее ерата на хаосот

Дмитриев: Енергетската криза ги отвори „затворените очи“ на ЕУ

Горан Наумовски

Трамп: ЕУ до јули треба да ги исполни обврските од трговскиот договор

Коста: ЕУ се подготвува за можни разговори со Путин