Разгледница која е испратен пред 70 години од американскиот град Рокфорд, најпосле стигна до своето одредиште во Њујорк.
Разгледницата е испратена на 4 јули 1943 година од Рокфорд во државата Илионис на сестрите Полин и Тереза Лејсенринг во Елмир.
Нивниот брат Џорџ бил стационирал во медицинскиот центар во кампот Грант во Рокфорд во текот на Втората светска војна. Разгледницата ја испратиле нивните родители кои таму го посетиле.
– „Мили Полин и Тереза. Стигнавме безбедно, патот беше добар. Ние сме добри и уморни, пишува на разгледницата.
Локалните медиуми пренесуваат дека разгледницата стигнала минатата недела, но дека во куќата сега живее друго семејство.