Илјадници велосипедисти учествуваа во голо возење велосипед низ американскиот град Филаделфија.
Целта на иницијативата е да се промовира заштедата на гориво, што се троши при користење на автомобил, како и да се поттикне позитивна слика за човечкото тело.
Настанот се организира по осми пат. Сите учесници не беа голи на своите велосипеди. Некои беа облечени во долна облека, а некои посрамежливи носеа интересни костуми и маски.