Земјотрес со интензитет од 5,7 степени по Рихтер денеска ја потресе Танзанија и соседните земји, предизвикувајќи уривање на згради во Букуба, во близина на езерото Викторија.
Епицентарот на потресот, регистриран во 12:27 по Гринич, се наоѓал на 23 километри источно од градот Нсунга, во северозападниот дел на Танзанија, во близина на езерото Викторија, соопшти американскиот геолошки институт.
Потресот е почувствуван и во Руанда, Бурунди, Уганда и Кенија.