Ако сте помислиле дека на „паметните” уреди им е дојден крајот, се лажете. Компанијата Самсунг произведе „паметен” колан кој ги предупредува корисниците на прејадување.
Покрај паметните телефони, часовници и нараквици, Самсунг произведе и паметни колани. Се работи за проект кој заживеа на сервисот Кикстартер, а кој ја доби поддршката на Самсунг. Се работи за колан кој има сензори за следење на половината, активноста и навиките за внесување на храна, а целта е да ги охрабри корисниците на здрав животен стил.
Коланот под името WELT изгледа и функционира како обичните, но се разликува благодарение на напредната технологија. Освен наведените можности, коланот ги следи бројот на чекорите во текот на денот, како и времето кое корисникот го поминува во седечка положба.
Сите информации можат да се видат со помош на апликации инсталирани на смартфон. Корисниците можат да видат колку се зголемил нивниот стомак откако ќе јадат.
Коланот се полни како смартфон, а батеријата трае 20 дена. Достапни се моделите Класик, Класик Мен, Класик Вомен и Премиум.
Коланот чини 69 долари, а првите испораки се очекуваат во јануари 2017 година.