Кражба на огревно дрво во атарот на Карбинци

Од:

Двајца штипјани исекле и одзеле 4,5 метри кубни дабови огревни дрва во атарот на село Шашаварлија, сопственост на ЈП Македонски шуми, со што причиниле штета во износ од 47.250 денари.

Секторот за внатрешни работи Штип поднел известување против петнаесетгодишник и кривична пријава против М.А.(33), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Пријавените, како што информира полицијата, на 30 август годинава од шума во атар на село Шашаварлија, општина Карбинци, сопственост на Република Македонија – ЈП Македонски шуми, исекле и одзеле 4,5 метри кубни дабови огревни дрва со намера да ги продадат и да се стекнат со противправна имотна корист.

Пријавените на тој начин причиниле штета на Република Македонија – ЈП Македонски Шуми во износ од 47.250 денари.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби