Кражба во автомобил на руски државјанин

Од:

Руски државјанин е ограбен откако од неговото возило марка „инфинити“ одземени се патна торба, полначи за телефон и пари.

Кражбата е извршена вчера во периодот од 14:40 до 15:20 часот на улицата „Самоилова“.

Крадецот го исекол јажето со кое била врзана петтата врата од автомобилот, која претходно била оштетена, по што ја одзел патната торба со облека и два полначи за мобилен телефон, женска чанта во која имало патна исправа на име П.К.В., паричник со 500 американски долари и 500 руски рубљи, како и апарат за гаснење пожар и комплет за прва помош.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка