Амбасадорите во БиХ го повикаа денеска претседателот на РС, Милорад Додик да не одржува референдум за Денот на РС или на друг начин да не го наруши авторитетот на Уставниот суд на БиХ.
– Амбасадорите уште еднаш нагласија дека во Дејтонскиот ммировен договор јасно пишува дека одлуките на Уставниот суд на БиХ се конечни и обврзувачки. Ниту еден референдум тоа не може да го промени, се вели во заедничко соопштение на претставници на држави од ЕУ во БиХ, по состанокот со Додик.
Амабсдорите потврдиле став за општиот рамковен договор за мир според кој, ентитетите немаат право на отцепување.
– Нема да има прекројуавње на мапата на БиХ, се нагласува во соопштението.
Уставниот суд ќе заседава на 17 септември за предмети во врска со референдумот.
Република Српска не се откажува од референдумот, изјави денеска претседателот на РС, Милорад Додик по состанокот со амбасадори од ЕУ и шефот на Канцеларијата на Амбасадата на САД во Бањалука.
– РС не се откажува од референдумот за Денот на Република Српска што ќе биде одржан на 25 септември, нагласи Додик и ги повика граѓаните да излезат на гласање.
Со речиси ист состав на амбасадори, неодамна средба имаше и членот на Претседателството на БиХ од редовите на бошњаците, Бакир Изетбеговиќ. По состанокот, тој изјави дека од амбасадорите добил уверување дека референдумот во РС „никогаш и никого нема да подели во БиХ“.