Туск: Во интерес на сите е што побрзо да почне „разводот“ со Велика Британија

Од:

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави денеска дека во интерес на сите е Велика Британија што побрзо да ги започне преговорите за излез од Европската унија.

– Топката е во дворот на Велика Британија и таа треба да ги започне преговорите. Во најдобар интерес на сите е со тоа да се почне што е можно побрзо. Наша цел е воспоставување најблиски врски меѓу ЕУ и Велика Британија, напиша Туск на Твитер.

Оваа изјава доаѓа непосредно пред првата средба со британската премиерка Тереза Меј во Лондон.

Неодамна Туск изјави дека Велика Британија нема да има преговори пред Лондон да го почне „процесот на развод“, наведувајќи дека сака да ги заштити интересите на преостанатите земји-членки на ЕУ.

Туск истакна дека лидерите на 27 земји-членки на Унијата, кои на 16 септември, без Британија, ќе се состанат во Словачка, мораат да се фокусираат на безбедносните прашања, во момент кога има и други проблеми, како што е мигрантската криза.

Би можело да ве интересира

Шарл Мишел предлага формирање Европска геополитичка заедница

Ана Ололовска

Мишел: Глобалната безбедност е под закана

Ана Ололовска

Европскиот совет ќе расправа за пандемијата, цените на енергијата и безбедноста

Ана Ололовска

Брисел не потврдува дека Мишел добил нон-пејпер од Јанез Јанша

Ана Ололовска

Мишел: Следната недела официјализирање на санкциите кон Русија поради Навални

Ана Ололовска

Дводневен годишен состанок на ЕС во Брисел

Ана Ололовска