Честитка од Јолевски за Денот на независноста

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на независноста – 8. Септември.

– Сакам да Ви го честитам денот кога пред 25 години ја земавме судбината во наши раце. На денешен ден ги поставивме темелите на нашата иднина. На 8 септември 1991 година започнавме со остварувањето на сонот на нашите предци. Ја создадовме независна и суверена Република Македонија. И покрај сите предизвици со кои се соочувавме, сите ние посветено и со исклучителна одговорност работевме за нас, нашите сограѓани. Со иста желба, мотивираност и одлучност продолжуваме да работиме за иднината на нашите деца и потомци. Припадниците на АРМ заедно со граѓаните и институциите постигнаа многу во предизвиците со кои се соочи Република Македонија. Во скопскиот регион борејќи се со последиците од огромните поплави, Армијата покажа дека безбедноста на граѓаните на нашата татковина е наша светост.

Одлучноста за одржување на безбедноста на Македонија се виде и преку ангажманот на припадниците на АРМ на јужната граница. Секаде и секогаш, ние имавме огромна помош и поддршка од сите граѓани на Македонија. Големо е срцето и пожртвуваноста на нашите граѓани и тоа е најзначајно. Сето тоа покажува дека безбедноста и иднината на нашата држава е во сигурни раце. Нека ни е честит и вековит овој голем празник, Денот на независноста на Република Македонија!, се наведува во честитката на министерот Зоран Јолевски.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација