Ракометниот Супер куп на Шпанија за Барселона

Од:

Македонските репрезентативци во дресот на ракометниот клуб Барселона Кирил Лазаров и Борко Ристовски го освоија првиот пехар оваа сезона.

Во рамки на Супер купот Барселона ја победи Анаитасуна со 38:30 (18:15). Ова за Барселона е 19.та титула во ова натпреварување, а петта во низа.

Во текот на целиот натпревар Барселона беше во водство, иако противникот пружи силен отпор.

Кирил Лазаров со 6 голови беше најефикасен во својот тим, додека Борко Ристовски имаше шест одбрани, откако го замени Перез де Варгас, кој се повреди кон средината на првиот дел. Ристовски ја доби и наградата за најдобар голман.

Би можело да ве интересира

Младите ракометари од Бурунди дојдоа во Хрватска на светското првенство, а потоа исчезнаа

Предраг Петровиќ

Македонија – Португалија 21:21

Емир Латифовиќ

Познати се составите за дуелот Ла Риоха – Металург

Емир Латифовиќ

Вардарки го декласираа Лајпциг

Емир Латифовиќ

Ракометната репрезентацијата на Македонија до 18 години ќе игра на ЕХФ првенството

Емир Латифовиќ

Манасков и Стоилов се враќаат во составот на Вардар

Емир Латифовиќ