Жерновски: Нема крај на кризата без разрешница на процесите што ги почна СЈО

Од:

Не може Македонија утре да има одговорни политичари, доколку овие што го направија криминалот не одговараат за тој сторен криминал. Мора СЈО до крај да ја истера работата и се разбира сето тоа да помине низ судските институции, вели градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

– СЈО е клучниот фактор на дејствување на политичките партии денес во Македонија. Од дејствијата на СЈО се гледа, еве и со последниот договор, кои се стратегиите од одлуките на политичките партии во Македонија. Длабоко сум уверен дека без разрешница, без завршување на процесите коишто СЈО ги почнува, ние не може да имаме надминување на кризата во која се најде Република Македонија. Не може Македонија утре да има одговорни политичари, доколку овие што го направија криминалот не одговараат за тој сторен криминал.

Мора докрај СЈО да ја истера работата и се разбира сето тоа да помине низ судските институции. Мене ми е многу драго што се отворени предмети за Центар, многу ми е драго што за првиот предмет, ако зборуваме за Скопје 2014, во голема мера со нашите ревизорски извештаи, коишто ги ветивме на изборите, придонесовме тој предмет во старт да оди многу брзо, затоа што таму ги напоменавме сите криминални дејствија, неправилности и груби повреди на законите, наместени тендери за тоа како, слободно може да кажам, се переа буџетските пари коишто се трошеа за Скопје 2014. Се разбира, ништо помалку интересен и за нас многу битен предмет е оној каде што вандализираше општината, каде што беа нарачани шамари за мене како градоначалник.

Се знае тука кон кого оди обвинувањето, затоа што се знае кој го нарача овој вандализам и овие физички пресметки. За двата предмети ние реагиравме веднаш. За „Скопје 2014“ веднаш по извештаите го дадов предметот во Основното јавно обвинителство, а тие што молчат, тие се индиректни соучесници во прикривање на тој криминал. Драго ми е што конечно материјалите се во вистински раце и очекувам разрешница, односно тие што ги сторија овие криминали, не само во Центар, туку и генерално, да одговараат, вклучувајќи го и самиот Груевски – вели Жерновски за Радио Слободна Европа.

Би можело да ве интересира

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

Жерновски: Се врати ВМРО-МВРО, одговорност од Чулев

Ана Ололовска

Жерновски: Законот за ЈО, ветер во грб на патот кон ЕУ

Драган Поповски

Жерновски – Брнз: САД остануваат наш посветен сојузник на патот до полноправно членство во НАТО и ЕУ

Драган Поповски

(ВИДЕО) Трајковски: Се сомневаме дека Жерновски дал милион денари за СЈО кривично да не гони

Виктор Јованов

Жерновски се потпиша во книгата за жалост за смртта на Клаус Кинкел