На подрачјето на градот Скопје вчера се случиле осум сообраќајни незгоди, во кои со полесни повреди се здобиле три лица.
СВР – Скопје денеска соопшти дека во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци меѓу кои четворица возачи ги управувале своите возила под дејство на алкохол, тројца возачи поминале на црвено светло на семафорот, а осум возачи биле возачка дозвола. Откриени се и осум нерегистрирани возила и 85 биле непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 69 возила.
Во текот на вчерашниот ден Отсекот за превенција реализирал сообраќајна поука на тема „Безбедност на пешаците“, на која присуствувале граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.