Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски одговори на повикот од родители да реагира за тоа што учителка од повисоките одделенија во ООУ „Димитар Миладинов“, без информирање на родителите, е префрлена за, како што рекоа, да предава на ќерката на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.
„Во моментов општинските служби го истражуваат случајот за префрлување на учителката. Кога ќе имаме точни имформации, ќе ги објавиме во јавноста. За мене сите деца се исти. Ниту едно од нив не смее да биде привилегирано, а најмалку децата на политичарите. Ние треба да сме пример во поттикнување на еднаквоста, а не да ги фаворизираме нашите деца“, одговори на својот ФБ профил градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски.