Во Делчево во училишните клупи ќе седнат 144 првачиња

Од:

Со културно-забавна програма подготвена од ученици денеска беа пречекани првачињата во двете основни училишта во Делчево, каде годинава прв пат во училишните клупи ќе седнат 144 првачиња.

Во деветтолетката „Ванчо Прке“ се запишани 80 првачиња, додека во „Св. Климент Охридски“ 64, од кои 42 во централното основно училиште, а 22 ученици настава ќе следат во подрачните училишта во Град, Вирче, Тработивиште, Стамер и Разловци каде е форми.

Директорката на ООУ „Свети Клминет Охридски“, Валентина Михаилова, денеска истакна дека во централното училиште се формирани три паралелки, а во училиштето во Разловци формирана е комбинирана паралелка.

– Успеавме да формираме три паралелки во централното училиште во Делчево, годинава имаме повеќе првачиња за разлика од лани. Инаку, јас им посакувам на првачињата добредојде во училиштето и им посакувам успешен старт во нивното образование, рече Михаиловска.

По повод почетокот на новата учебна година, традиционално Општина Делчево им подели пакети со школски прибор на сите првачиња.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

Стан изгоре во пожар во Делчево