Времето утре: Сончево со мала облачност

Од:

Времето во Македонија утре ќе биде сончево со мала локална облачност повеќе на исток и на југ од земјата. Ќе дува слаб северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 27 до 33 степени.

Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 7.

Следува период на стабилно, сончево и топло време со мала до умерена облачност. Температурата ќе биде во постепен пораст. Во среда кон крајот на денот претежно во западните делови и во четврток и во останатите се очекуваат локални врнежи од дожд и умерена нестабилност со благо опаѓање на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Продолжува топлотниот бран во земјава

Катерина Ѓуровски

Портокалова фаза, 40 степени и здравствени ризици

Катерина Ѓуровски

Пеколен топлотен бран во Македонија, во регионот пожари, Дунав на најниско ниво

Сончево и топло, температури до 39 степени

А1он

Период на пеколно време во земјава, лекарите алармираат