Тежок противник за Ѓоковиќ на стартот од УС Опен

Од:

Бранителот на трофејот на УС Опен и најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиќ на стартот од годинашниов Грен слем во Њујорк ќе игра против Јиржи Јанович од Полска. Јанович знае да биде незгоден противник, откако и самиот Ѓоковиќ изјави дека не е 100 отсто подготвен. Победа над Јанович во следната рунда може да му го донесе Јиржи Весели за ривал, еден од малкуте тенисери што оваа година имаат победа над Ѓоковиќ.

Евентуален пласман во четвртфинале за Ѓоковиќ потенцијален ривал е и Марин Чилиќ, победникот на УС Опен од 2014 и победник на последниот турнир Мастерс 1000 во Синсинати. На истата половина од „костурот“ се и Рафаел Надал и Милош Раониќ.

Во втората половина од „костурот“ се Енди Мареј, кој во првото коло ќе игра против Јан Росол, а потенцијални ривали во завршницата му се Кеи Нишикори и Стан Вавринка.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ ја почна 345 недела на врвот на АТП листата

Ѓоковиќ во полуфинале на турнирот во Торонто

А1он