Времето утре: Променливо облачно, попладне локален дожд и грмежи

Од:

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во јужните и западните делови ќе има локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 24 до 30 степени.

Во Скопје променливо облачно со повеќе сончеви период и со слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 6.

Од петок ќе преовладува стабилно време со постепен пораст на дневната температура која во недела ќе се движи помеѓу 27 и 32, а во понеделник помеѓу 28 и 35 Целзиусови степени.

Би можело да ве интересира

Сончево со температура до 38 степени, во северните делови услови за дожд, од утре посвежо

Сончево и многу топло, температура до 41 степен, од утре освежување

Катерина Ѓуровски

Пеколот продолжува до среда, температурите потоа ќе паднат за неколку степени

Продолжува пеколното време, температури над 40 степени

Македонија е во пеколен топлотен бран

38 степени денеска, во следните денови пожешко