Туристите во Прашкиот замок се проверуваат преку специјални сензорски рамки

Од:

Откако пред неколку недели почна проверка на сите туристи што сакаат да го разгледаат Прашкиот замок, каде се наоѓа претседателската резиденција, денеска беа поставени специјални безбедносни сензорски рамки, јави дописникот на МИА од чешката метропола.

Поранешниот министер за надворешни работи Карел Шварценберг, кој беше и противник на актуелниот претседател Милош Земан при изборите за шеф на државата, го критикуваше ваквиот чин, велејќи дека најпознатата чешка знаменитост е најзатворена во досегашниот период.

– Се сеќавам каква радост беше за Вацлав Хавел да го отвори Прашкиот замок за сите граѓани – оцени Шварценберг кој додаде дека „Замокот се менува во полициско седиште иако не постои директна опасност за безбедноста на претседателот“.

Претходно, се започна со проверка од страна на полицијата на ранците и чантите кои со себе ги имаат туристите.

Контролите беа критикувани пред се од туристичките работници и безбедносните експерти нарекувајќи ги за непотребни и беспредметни, што беше образложено со примерот кога новинари и покрај контролите успеаја да внесат ладно и огнено оружје.

Шефот на Кабинетот на претседателот, Јиржи Овчачек, негираше дека безбедносните мерки се со цел да се заштити претседателот и тврди дека тие се поврзани со безбедноста на туристите.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во судар на патнички возови во Прага

Горан Наумовски

Полицијата дежура пред куќата на убиецот од Прага

Убиецот од Прага оставил проштално писмо во кое признал дека убил татко и двомесечно бебе

Горан Наумовски

Ден на жалост во Чешка

Во Прага: Полицијата уапси маж под сомнение дека носел бомба

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Чешката полиција со детали за масакрот: Објавена и снимка од потерата по убиецот